13:29 - 3 април, 2026

(Фото) Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово; На нејзиниот фестивал во Приштина ги собра сите музички ѕвезди!

Англиската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, организира фестивал кој моментно е во тек во Приштина, Косово, насловен „Sunny Hill Festival“. Властите на Косово го искористија нејзиниот престој во земјата да ѝ доделат важна титула – „почесен амбасадор на Косово“. Титулата ѝ ја врачи претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Инаку, Липа заедно со татко ѝ Дукаќин го организираат фестивалот „Sunny Hill Festival“ во Приштина, кој трае од 4 до 7 август.

Фестивалот, роден 2018 година, годинава се врати во полн сјај по принудниот прекин поради ковид пандемијата.

Покрај бројните големи музички имиња кои учествуваат на музичкиот фестивал (меѓу кои и Махмуд и Бланко, евровизиските претставници на Италија ова година), на бината настапи и самата таа, облечена во провокативно издание и „полудувајќи“ ја публиката.

Фестивалот потоа, ќе се префрли во Тирана, Албанија, од 26 до 28 август.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....