8.8 C
Скопје
10:12 - 30 март, 2026

Драгана Мирковиќ живее со синот и бремената снаа: „Секој има свој кат“

Пејачката Драгана Мирковиќ наскоро ќе стане баба, а нејзината снаа и син живеат со неа во замок во Виена. Имено, синот на Мирковиќ неодамна се ожени со својата избраничка Мелани, која е бремена.

Двајцата наскоро ќе добијат ќерка, а пејачката откри дека нејзиниот син и снаа живеат со неа во замокот.

– Иако ризикувам да ме убијат моите деца затоа што ги споменувам, ќе кажам само дека Марко и Мелани се венчаа и дека сè направивме уште во јуни, во најстрога тајност. Пресреќна сум за сè и едвај чекам да имам внука, која ќе биде мојата најголема инспирација за сè што ме очекува во иднина – рече пејачката и додаде дека е горда на своите деца:

– Марко и Мануела се деца какви што би можеле да посакате! Горда сум што сум нивна мајка и ми е мило што тие сè уште живеат со мене. Ниту мојот син ниту мојата снаа не го напуштиле замокот. Уживаме заедно, а кога тие сакаат, секој има свој кат и целосна приватност и слобода.

10.000 евра за породување во приватна клиника

Патем, како што објавија домашните медиуми, подготовките за доаѓањето на наследничката веќе се во полн ек, а Мелани и Марко се одлучиле за луксузна приватна клиника во Виена.

Наводно, породувањето во оваа клиника чини близу 10.000 евра, но Марко и Мелани не штедат кога станува збор за удобноста и безбедноста на нивното бебе.

Покрај медицинската грижа достапна 24 часа на ден, бремената мајка ќе има можност да користи бројни дополнителни услуги – од фризерски услуги, маникир и педикир кои доаѓаат директно во болничката соба, до пристап до специјално дизајниран простор за медитација и релаксација.

Слични објави

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо
Се вчитува....