10.8 C
Скопје
21:36 - 29 март, 2025

Драган Спасов Дац: Како станавме побогати за уште еден член во нашето семејство

„Во оваа куќа куче не влегува“. Но…

Да имате миленик не е лесна работа, но за да се одлучите на таков чекор е голема храброст.

Нашето потесно семејство кое брои три членови (сега четири) долго време беше тероризирано од најмладиот член. (Во понатамошниот текст ќе ја викаме Јана). Мислам дека немаше ден кога Јана немаше да спомне, или да праша кога ќе земеме куче. Одговорот на вториот по старост на фамилијата, (во понатамошниот текст ќе ја викаме Весна) обично беше: Кога ќе се омажиш ќе ти купам какво сакаш куче, во оваа куќа куче не влегува.

Но…

Едни наши блиски пријатели се одлучија да земат куче, тоа беше доволно за журка во главата на сите нас.

После долги преговори, стресови, молења, одрекувања, позитивни насмевки… Кај членот Весна се осети благо попуштање. Тука веќе стана прилично напнато, затоа што јас како најстар член во семејството, знаев дека сме на пат да земеме миленик, но знаев и дека обврските се огромни.

Кога пресековме, одлуката беше поздравена со бурни овации, но беше прашање од каде и што ќе земеме. Се одлучивме за расата бигл, за кого не очекувавме дека ќе биде толку темпераментен и брлив. После љубовта на прв поглед го најдовме нашиот иден член. Е, сега дојде на ред името… После повеќе денови и ноќи натегања и илјада предлози за име, конечно решивме.

Ќе се вика Танго!

(Морам да признаам дека кумот сум јас)

Танго пристигна една вечер, доцна во ноќта и сите бевме бескрајно возбудени.

Тој се однесуваше како веќе да живеел со нас.

Се редеа денови и Танго како што растеше сѐ повеќе мочаше и какаше кај стигне (насмевка). После ја препозна пелената каде што му беше тоалетот и физиолошките потреби ги вршеше таму, а ние сите на глас викавме бравооо, а Танго не гледаше чудно.

Викавме браво еден месец, два, пет… се прашувавме до кога ќе викаме браво и кога ќе престане да го прави тоа дома. Но како со нож пресечено, еден ден престана да го прави тоа и своите потреби ги извршува надвор.

Првата конкретна комуникација беше кога му баравме топка и отиде ја донесе. Сега кога ќе се осети запоставен, ни ја носи топката за да му ја фрламе.

Знае да седи, да се поздрави, да лежи, да се превртува. И тоа го гледаме како заеднички успех.

Танго е сега убав и умен мажјак од една година, роден на 4 август во знакот на Лав.

Инаку, Весна, која едвај попушти, сега е најповрзана со него, а пак тој, Танго, е најповрзан со Јана. Јана и Танго се во една голема љубов. А можам да кажам дека мене ме почитува, сепак јас сум највозрасниот мажјак во семејството.

Танго е најсреќен кога сме сите дома. Имам впечаток како да нѐ собира заедно. Сака да се гушка затоа што сите сме гушкала. Чудо едно каква љубов се создаде кон овој најмал член на семејството, како ние кон него така и тој кон нас.

Еден за сите – сите за еден, би рекол Александар Дима.

Авторски текст на Д.С.Д
Подготви: М.С

Слични објави

Весна Змијанац: Кога ќе заминам од овој свет, многу луѓе ќе ги мрзи да дојдат на мојот погреб

Еспресо

Јелена Карлеуша поднесе кривична пријава против „Еко гард“: „Не планира никому да молчи!“

Еспресо

Се превртувам кога ќе го видам тоа на маж! Јована Јеремиќ им одржа лекција на гостите во студиото!

Еспресо

(Фото+видео) Маја Николиќ шокира со новиот изглед: Пејачката целосно се трансформираше, има нова боја на косата

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Лавовите ќе имаат проблем со пари, Девиците ќе потонат во монотонија со партнерот

Еспресо

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо