6.8 C
Скопје
07:50 - 1 април, 2026

Доколку сакате да започнете бизнис во 2020 година, ова се 3-те клучни чекори!

Доколку сакате да станете претприемач, морате да бидете промислени и внимателно да ги разгледате сите опции кои ги имате. Овие три совети ќе ви помогнат да го започнете својот бизнис и да бидете успешни во него.

Се повеќе луѓе започнуваат сопствени бизниси, бидејќи не сакаат да работат за никој друг, па доколку и вие планирате да го направите истото годинава и да почнете да се занимавате со нешто што навистина ве исполнува, треба да знаете одредени работи, пишува Business Insider.

Доколку цврсто сте одлучиле да ја оставите вашата сегашна работа и се обидете во претприемништво, овие три стратегии ќе ви бидат од помош.

1. Бидете проактивни 

Излезете од зоната на комфорт и бидете проактивни во барањето работа која ќе ве исполни повеќе отколку вашата моментална работа. Не чекајте да ви се поклопат коцките, туку вие сами наредете ги како што ви одговараат. Во спротивно ги трошите времето и нервите на работа која само ви ја црпи енергијата, а не ви носи никакво задоволство. Доколку сакате да бидете претприемач, не можете да седите и чекате некој друг да ја покрене работата наместо вас, туку морате да почнете да делувате што побрзо, тоа подобро.

2. Направете силна мрежа на контакти

Кога ќе го забочнете бизнисот, прво што треба да направите е да допрете до сите свои контакти, бидејќи од нив можете да добиете корисни совети или потенцијални понуди за партнерство. Стапете во контакт со луѓето од кои немате корист и прашајте ги дали може некако да им помогнете, на тој начин ја зголемувате шансата доброто со добро да ви се врати. Обратете се на оние кои добро ве познаваат и кои ќе умеат да ве пофалат кај потенцијални идни соработници со кои тие се во контакт, но не очекувајте други да ви ја завршат работата. Вклучете се и запознајте нови клиенти, кои во исто време се и ваш прозорец кон идните бизниси.

3. Потпрете се на своите клучни вредности

Клучните вредности се она што е најважно за вас. Свесно или несвесно тие ве водат до важни избори кои ќе ги направите во животот, со кого ќе поминувате најмногу време, каде ќе живеете и каде ќе работите. Доколку сакате да станете претприемач. но не сте сигурни дали треба тоа да го направите, свртете се кон своите клучни вредности и видете дали е тоа она со кое што сакате да се занимавате, бидејќи ако не сте, поголеми се шансите дека ќе успеете во својата замисла и направите успешен бизнис.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....