8.8 C
Скопје
11:23 - 1 април, 2026

Џони Деп по пресудата: „Поротата ми го врати животот“;„Целта беше да се открие вистината“

„Поротата ми го врати животот“, ова се зборовите на Џони Деп кој го прекина молкот по изречената пресуда вчеравече, поротата одлучи во негова полза.

По цели шест недели долго судење, Џони Деп прозборе за прв пат за јавноста : „По шест години  поротата ми го врати животот. И јас сум почестен“, беа неговите зборови.

Зборовите на актерот по шест години борба навистина носат ослободување. Тој објасни дека никогаш не се откажал без оглед на пречките на кои се сретнал на патот: „Мојата одлука да влезам во овој случај, знаејќи многу добро со колку високи правни пречки ќе треба да се соочам и знаејќи дека мојот живот неизбежно ќе стане шоу беше донесена само по долго размислување“.

„Пред шест години мојот живот се промени засекогаш, животот на моите деца, на најблиските луѓе и на сите оние луѓе кои долги години ме поддржуваа и веруваа во мене“ – објаснува Деп.

Потоа тој посочи на нападите добиени преку медиумите: „Имаше сериозни и криминални обвинувања против мене преку медиумите, кои ме изложија на бескраен напад на омраза, а немаше никаков доказ. Во меѓувреме, нападите патуваа низ светот за една наносекунда имајќи сеизмичко влијание врз мојот живот и кариера“.

Синоќа, пресудата од поротата и судијата беше донесена во 21 часот. Актерот не беше присутен во судницата бидејќи се уште е во Велика Британија, каде имаше концерт со Џеф Бек во Ројал Алберт Хол во Лондон, додека Херд беше во судницата и не покажа никаква реакција за време на читањето на пресудата.

Судската одлука во суми: Колку Амбер Херд сега треба да му плати на Џони Деп за клевета, а колку Деп треба да плати; се огласи и Камила Васкез

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....