7.8 C
Скопје
23:58 - 19 февруари, 2026

Џоан Колинс си ја отвори душата: Абортирав на 26, детето ќе ми ја уништеше кариерата

Легендарната актерка Џоан Колинс (90) во нејзините мемоари „Behind the Shoulder Pads“,открива многу работи од својот приватен и професионален живот.

Таа раскажува и како во неколку наврати се борела против сексуалната злоупотреба, а за тоа била предупредена од Мерлин Монро. Таа зборувала конкретно за Дерил Зенук, кој во тоа време бил потпретседател за продукција на „20th Century Fox“ и опишала како изгледал неговиот „напад“.

– Вдишувајќи чад од пура спроти мене, тој ми се обрати: „Ти немаше никој додека не ме најде мене, душо. Јас сум најголемиот и најдобар и можам цела ноќ“. Бев толку шокирана, па само истрчав назад кон сетот“, истакнала актерката.

Кога имала 26 години, забременила со нејзиниот тогашен вереник Ворен Бити. Таа му кажала дека е бремена, а тој збунето ја прашал: „Како се случило ова?“.

Таа се пошегувала дека бебето е на батлерот или можеби е бестелесно зачнување, но веста за бременоста била страшна за него. Имала абортус иако тогаш бил нелегален. Не сакала да оди во некоја скриена клиника бидејќи се плашела дека нешто лошо ќе ѝ се случи, па Бити ја придружувал кога ја правела процедурата кај некој поранешен хирург во Њу Џерси. Утрото кога требала да абортира сакала да се откаже, но вереникот ѝ рекол дека не може.

„Душо, не можеме. Не можеме да го направиме тоа… Дете сега би ни ги уништило кариерите на двајцата. Знаеш дека ќе биде така“, ѝ рекол Бити.

Џоан додала дека 1960-тите биле мрачен период за жените и девојчињата. Таа со вториот сопруг, актерот Антони Њувли имаше две деца Тара и Саша, а со третиот сопруг Рон Каса ја има ќерката Кети.

„ Да имав дете во моите 20-ти, немаше да имам кариера “, заклучила актерката, која и на 91-годишна возраст ја фалат за витката фигура.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....