13:13 - 2 април, 2026

Џо Гарсија „умре од болка“ – почина од инфаркт сопругот на наставничката убиена во нападот на училиштето во Тексас

Џо Гарсија „умре од болка“. Пред два дена неговата сопруга Ирма беше убиена од убиецот во Увалде додека со своето тело ги штитеше малите ученици.

Сопругот на Ирма Гарсија, учителката во основното училиште во Увалде, убиена додека со своето тело ги штитеше нејзините ученици, почина вчера од срцев удар, два дена по масакрот што ја чинеше неговата сопруга живот. Според членовите на семејството, Џо Гарсија „умрел од болка“. Џо и Ирма беа во брак 24 години и имаа четири деца, а најстарото штотуку им се придружи на маринците, најмладото пак, оди во средно училиште.

Ирма Гарсија (43) – била прогласена за учителка на годината во 2019 година – предавала 23 години, со нејзината колешка Ева Мирелес ги бранела своите ученици и платила со својот живот за овој чин на храброст. Масакрот се случи само два дена пред да заминат сите на одмор, да го означат крајот на годината, сите 19 деца и двете нивни наставнички во основното училиште Роб во Увалде, Тексас.

Кои биле двете наставнички – хероини; пред Рамос да пука во 19 деца, тие застанале пред децата

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....