7.8 C
Скопје
03:43 - 14 мај, 2026

Џенифер Греј во полза на Амбер Херд: ЏОНИ „беше љубоморен и параноичен“

Токму во деновите кога актерот е вклучен во (кошмарниот) судски процес против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, се огласи уште една негова поранешна девојка, Џенифер Греј. Не на суд, туку во нејзините мемоари, излезени денес, на 3 мај,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Grey (@jennifer_grey)

Џенифер Греј, која се прослави благодарение на улогата на Френсис „Бејби“ Хаусмен во хит филмот „Дрти Денсинг“ , реши да раскаже колку е тешко да се има врска со ѕвездата.

Актерката имаше кратка историја со Деп во доцните 1980-ти. По првата средба, двајцата почнале  редовно да се гледаат, а актерот по само две недели веќе побарал од неа да се омажи за него.

Но, како што врската напредувала – пишува во книгата – односот меѓу двајцата станувал се покомплициран: „На почетокот Џони беше толку убав, смешен, сладок“. Во тоа време, ѕвездата „секоја недела патуваше до и од Ванкувер“. Но, во одреден момент тој почна „сè почесто да запаѓа во неволји: тепачки во барови, престрелки со полицијата. Почна да ги пропушта своите летови за да се врати во Лос Анџелес, стана љубоморен и параноичен за се она што сум „го направила“ додека тој не беше таму“.

Греј решила да ја прекине врската неколку дена по 29-тиот роденден на Деп, по уште едно неоправдано „исчезнување“ на Деп: тој си замина без да каже каде оди, не ѝ се јавил со денови и не се обидел на билокој начин да стапи во контакт со Греј. Накратко, „мрачните страни“ на Деп ја уништиле врската – пишува во книгата.

Темните страни се во центарот на судењето на Деп против Херд и обратно, но овојпат станува збор за темни страни и на двајцата поранешни сопружници. Џони и Амбер преку судницата продолжуваат да му ја откриваат на светот нивната кошмарна врска на насилство, крв, дрога, алкохол и деградација. Разводот меѓу Џони Деп и Амбер Херд, кој започна на 12 април и веројатно ќе трае уште еден месец, ќе остане запаметен како еден од најлошите во историјата. А сега пак, како долевање на масло врз оганот, доаѓаат и мемоарите на поранешната девојка на Деп, Џенифер Греј.

Слични објави

Снимањето на серијата за Марина Туцаковиќ започна во тајност – познато е кој ќе го игра ликот на легендарната авторка

Еспресо

За Македонката Милена од Неготино пееше цел регион – нејзината средба со Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ е преточена во најубавите стихови

Т.Ц.

Јала Брат влегува во светот на филмовите – раперот глуми во криминалистички трилер што се снима во Загреб

Еспресо

Која е Викторија Сваровски? Водителката на Евровизија е кралица на кристалите и е во врска со милијардер

Т.Ц.

„Ми ја украде песната“: Познататa пејачка со жестоки обвинувања кон Милица Павловиќ

Еспресо

Клуб масите од орев и епоксидна смола на Wood room го претвораат домот во уметност

Еспресо
Се вчитува....