12.8 C
Скопје
07:37 - 3 мај, 2024

Детали за монструозното убиство во Рипањ кое го потресе регионот: Силувал и убил девојче, а потоа тргнал да ѝ го искасапи и семејството

Стојан Илиќ (38) најпрвин ги возел Невена П. и нејзиниот брат до продавница, а потоа ја натерал да оди со него во автомобилот до шумата, каде што ја убил.

Полицијата вчера попладне го уапсила Стојан Илиќ (38), кој во село Рипањ (во непосредна близина на Белград, Србија) со нож ја киднапирал, наводно ја силувал и ја убил Невена Петровиќ (16), по што со нож ги нападнал нејзината мајка Сања, чичко Бурдуш и баба Мира и им нанел тешки повреди поради што се хоспитализирани. Убиецот и претходно ѝ бил познат на полицијата бидејќи бил пријавен за насилство и наводно веќе бил во затвор, пишуваат српските медиуми.

Според некои соседи, Илиќ бил вљубен во Невена која го прославила роденденот пред 14 дена, а со нејзиното семејство бил во пријателски односи.

Други мештани наведуваат дека слушнале дека Стојан ја обвинил Петровиќ дека му фрлала црна магија и дека поради нејзиното семејство ништо не му оди во животот.

Убиеното девојче е дете на разведени родители и пред извесно време дојде од кај татка си во семејството на мајка си.

Стојан пак, е разведен и татко е на три деца, а неговата ќерка е врсничка и пријателка на Невена која ја убил.

Убиецот делото го извршил на тој начин што ја грабнал Невена под принуда и ја возел на приближно километар и пол од дома. Откако го извршил делото, ја оставил избодена во стомакот и другите делови од телото, во локва крв покрај патот.

Врз основа на затечената состојба се сомнева дека ја силувал тинејџерката пред да ја убие, а Вишото јавно обвинителство во Белград кое ја води истрагата нареди обдукција, по што ќе биде расчистено делото и од сите повреди на телото на Невена ќе биде утврдено што точно се случило.

Мештанката Славица Станојевиќ го открила планот на убиецот.

– Утрово ги возеше Невена и нејзиниот брат Ненад до центар за да купат акумулатор. Додека Ненад бил во продавница, ја искористил приликата да го реализира својот план и ја одвел Нена оттаму и ја искасапил покрај патот, а потоа се вратил во нивниот дом и со нож го нападнал семејството – изјавила Славица за српска Република.

Убиецот со автомобил го напуштил местото на злосторството и со нож во рацете и трчајќи влегол во дворот на Петровиќ.

– Стојан избезумено влета во нивната куќа и во бунило ги избоде сите на кои наишол. Вујкото на Невена сечел дрва пред куќата и додека сфатил дека неговото семејство е мета на лудак со нож, веќе ги исекол по рацете, лицето и телото мајката и бабата на девојчето, а потоа му нанел повреди и на вујкото. Насекаде имаше крв, пискотници и лелеци се слушаа дури и до далечните куќи – рекол соседот.

Илиќ се оддалечил од куќата на Петровиќ и се заклучил во автомобилот во близина на ресторанот, а пред тоа се сокрил зад комбе и замавнувал со ножот. Дури кога полицијата го опколила, тој се предал, пренесуваат српските медиуми.

Според изјавите на двајцата негови браќа, Стојан во последно време се однесувал чудно, а последните три дена дури и престојувал во домот на семејството Петровиќ.

Сепак, не претпоставувале дека се најавува крвав настан, иако неколку мештани изјавиле дека убиецот во кафеаната се заканил дека ќе убие некого, а потоа и себеси.

– Не даде никакво навестување дека ќе го направи тоа, но во последно време е чуден. Бев на работа кога се случи се, ми се јави колегата. Бевме во добри односи со нападнатото семејство. Стојан се дружеше со тоа семејство, се дружеше со братот, беше со нив последните три дена – рече еден од двајцата браќа на Стојан.

Поранешната сопруга на убиецот во шок

Милица, поранешната сопруга на убиецот, е во шок поради крвопролевањето, а потврдила дека нивната ќерка на Невена ѝ била најдобра пријателка.

– Згрозена сум, не знам за себе што таткото на моите деца направил вакво злосторство. Ќерка ми е најдобра другарка на Невена, заедно одеа на училиште – изјавила видно потресената жена, објаснувајќи дека се развела од Стојан пред 12 години.

Нивната куќа изгорела во пожар

Инаку, Петровиќ се семејство со шест деца кои живеат во многу тешки услови, па дури и најстарата ќерка по разводот се вратила кај нив.

– Чесно и вредно семејство, живееја во многу тешки услови, а добри луѓе во хуманитарна акција им помогнаа да ја обноват куќата. Беа и на телевизија. Таткото го издржува семејството со напорна физичка работа. Пред три години им избувна пожар во куќата, потоа практично останаа без покрив над главата – изјавила мештанка.

Се заканувал дека ќе се самоубие

Мештаните тврдат дека Стојан неколку пати се обидел да се самоубие со бесење. А сега, на семејството Петровиќ додека бегал им порачал дека ќе си пресуди со нож.

 

Слични објави

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо
Се вчитува....