03:41 - 15 декември, 2025

Денес славиме МЛАДЕНЦИ – празникот на љубовта, слаткото и подароците

Денеска, 22 март, се слави Младенци, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера.

Во 320 година четириесет војници во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исус Христос, биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува.

Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од христијанската вера може да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можел да издржи во водата што смрзнувала. Тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Овој празник го слават брачните парови во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Во минатото во Македонија со празникот Свети четириесет маченици биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамноденица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Младенци секогаш паѓаат за време на постот, па храната што се приготвува на тој ден мора да биде во согласност со тоа – поради верата, здравјето и напредокот на младиот брачен пар и децата. Според верувањата на овој ден се јаде мед, варени коприви и зеленило за да ја прочистат крвта. Вообичаено е да им се донесе подарок на младенците.

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....