0.8 C
Скопје
03:21 - 10 март, 2026

Денес почнува пролетта, а од 26 март почнува летно пресметување на времето

Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, денес ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе биде и значително потопло преку ден поради продорот на топла воздушна маса од југ.

Преку ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Денес вечер, во 22.24 часот официјално почнува пролетта.

Ова е денот кога денот и ноќта траат по 12 часа и се еднакви, па тој ден се нарекува пролетна рамноденица.

Според астрономските критериуми, пролетта трае до 21 јуни (летото на тој ден пристигнува во 16 часот и 57 минути).

Да потсетиме дека само неколку дена по почетокот на пролетта ќе започне летното сметање на времето, поточно од 26 март кога ќе спиеме еден час пократко. Летното сметање на времето ќе важи до 29 октомври.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....