6.8 C
Скопје
08:56 - 11 март, 2026

Дарко Лазиќ искрено за Катерина, но и за бившите: „Секогаш кога ќе се свршам бегам, па овој пат се оженив“

Популарниот српски фолк пејач Дарко Лазиќ се отвори за сите актуелни теми од неговиот живот во српската емисија „Премиера – викенд специјал“.

Тој се осврна на бракот со убавата Катарина, родителството, но и на поранешните партнерки со кои се уште е во добри односи.

Пејачот призна дека сака уште деца, а откри и која љубов никогаш не ја преболел.

– Не се свршив, се оженив. Секогаш кога ќе се свршам бегам, па овој пат се оженив. Направивме граѓанска свадба, чекаме сето ова да помине… Андреана е моја кума од порано, а овој пат треба да го обновам старото кумство, добро е да се обноват старите кумства. Имам голема поддршка од страна на љубовта и мислам дека тоа е единственото нешто што може да го подигне човекот во животот. Првиот беше брак, вториот беше само врска, моите деца се моето светилиште. Би сакал да имам многу деца, никогаш не е доволно, би сакал барем уште две деца – рекол Дарко во емисијата и зборувал за своите поранешни партнерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

– Во контакт сум со Марина и Ана. Постојано се гледам со Алексеј, морам почесто да се гледам со ќерка ми. Сите имаме некој гнев, се лутиме за нешто и бараме нешто да испразниме преку децата… Лорена е иста како мајка ѝ, а Алексеј е на мене. Некои мислат дека сум премногу строг родител, но подобро е така. Се случи да спуштам рачна, а тоа е сериозно да се заљубам. Мислам дека никогаш не се ни одљубив од неа. Малку се разделивме, но бевме во љубов сите 14 години. Таков е животот, нема што да се крие. Бев дете во тие моменти, не бев подготвен. Секогаш бевме во контакт и секогаш се сакавме и почитувавме – призна Лазиќ.

Слични објави

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....