11.8 C
Скопје
15:16 - 30 март, 2026

Дали знаете кому му е посветена песната на Здравко Чолиќ „Една зима со Кристина“?

Од почетокот на кариерата до денес, Здравко Чолиќ е еден од најдобрите поп пејачи во регионот. Неговите хитови ги пеат бројни генерации, а многу песни се посветени на поединечни жени.

Во неговата 50-годишна кариера многу песни беа именувани по конкретни женски имиња, а некои од нив се „Звао сам је Емили“, „Рушка“, „Ајде, ајде Јасмина“ и „Есма“.

Меѓу многуте песни посветени на припадничките на понежниот пол, се најде и песната посветена на Кристина наречена „Једна зима са Кристином“ од албумот „Ако приџеш ближе“ од 1977 година.

Аранжманот, текстот и музиката за оваа песна ги напиша Корнелије Ковач, а оваа песна ѝ ја посвети на својата втора ќерка Кристина Ковач.

Кога била напишана песната, Кристина имала само неколку години, а денес таа е посветена на музиката. Освен што е пејачка, таа пишува и песни.

Во деведесетите беше во групата „К2“ со сестра ѝ Александра Ковач, а потоа продолжи со соло кариера. Нејзината песна „Magic“, испеана од Даница Радојчиќ, уметничко име Нина, ја претставуваше Србија на Изборот за песна на Евровизија во 2011 година. Инаку, Кристина денес живее и работи во Шведска.

Слични објави

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо
Се вчитува....