9.8 C
Скопје
22:11 - 19 февруари, 2026

Цеца има голема причина за среќа само неколку дена по роденденот: Ја сподели радосната вест

Само неколку дена по роденденот, стигнува уште една славеничка вест за Цеца. Таа навистина има причина повторно да се радува.

Имено, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, на 23 јуни ќе одржи спектакуларен концерт во Ниш, само неколку дена по нејзиниот јубилеен 50-ти роденден.

По 10 години, фолкерката ќе се најде на големата сцена на Нишката Тврдина каде неколку часа ќе изведува добро познати хитови.

Концертот е закажан за 20 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба, па не се сомневаме дека, со оглед на близината на Ниш, на концртот на Цеца ќе дојдат и голем број Македонци.

Цеца отсекогаш истакнувала колку го сака југот на Србија и „јужната крв“, со оглед на тоа дека е родена и израсната во Житораѓа.

Кога последен пат имаше голем солистички концерт во Ниш во септември 2013 година, пред повеќе од 20.000 луѓе, фолк ѕвездата ја совладаа емоциите, па се расплака за време на изведбата на песната „Кукавица“, а тоа видео сè уште има милиони прегледи на социјалните мрежи и на видео платформите.

Уште кога излезе на сцената, Цеца таа вечер на публиката ѝ порача дека нема да има спиење, па веруваме дека незаборавна забава ќе има и на овогодинешниот концерт, на 23 јуни.

 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....