09:59 - 5 декември, 2025

Човекот кој овековечи страшен миг од земјотресот во Турција, а фотографијата го потресе светот: „Не можев да не заплачам“

Беше доцна за Ирмак, една од речиси 20.000 луѓе потврдени мртви во најсилниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.

Тоа беше момент што ја сумира неискажливата болка од земјотресот во Турција: татко ја држи за рака својата 15-годишна ќерка, а раката е единственото нешто што се гледа од нејзиното тело згмечено од бетон.

Месут Ханчер седеше сам на студот врз купот скршени тули што некогаш беа негов дом, несвесен за светот и обземен од тага.

Неговата ќерка Ирмак беше мртва. Но, тој одби да ја пушти нејзината рака, галејќи ги прстите што штрчеа од душекот на кој спиеше девојката кога се случи првиот земјотрес пред зори во понеделникот.

Немаше спасувачки екипи. Преживеаните избезумено го пробиле патот низ урнатините со раце за да ги најдат своите најблиски. Насекаде само остатоци, искинатата облека и играчките ја раскажуваат приказната за изгубените животи.

Беше предоцна за Ирмак, една од речиси 20.000 луѓе за кои беше потврдено дека загинала во најсилниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во речиси еден век.

Но, искусниот фотограф на АФП, Адем Алтан, кој побрза на местото на настанот од Анкара, не можеше да го тргне погледот од неподвижниот татко кој тивко тагуваше.

Тој го насочи фотоапаратот кон Ханчер од далечина од 60 метри. Тоа беше чувствителен момент. Но наместо да го избрка, таткото го поканил фотографот кај себе.

„Снимете го моето дете“, му рече со тивок растреперен глас.

Таткото сакаше светот да ја види неговата и тагата на неговата земја. И светот ја виде.

Фотографијата се појави на насловните страници на големите весници ширум светот, вклучувајќи ги Фајненшл Тајмс и Волстрит журнал.

-Додека снимав си повторував „каква огромна болка е тоа“. Не можев а да не заплачам. Останав без зборови – изјави Алтан.

Го прашал како се вика тој и како се вика ќерка му.

– Зборуваше тешко, па не можев премногу да разговарам со него – рекол Алтан.

Фотограф цели 40 години, вклучително и 15 за АФП, Алтан знаеше дека оваа фотографија ја претставува турската болка. Но, бил изненанден од глобалното влијание на фотографијата, која била споделена стотици илјади пати на интернет.

Алтан доби илјадници пораки од луѓе ширум светот кои сакаат да понудат поддршка.

– Многумина ми кажаа дека никогаш нема да ја заборават оваа слика – рече тој.

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....