14.8 C
Скопје
17:28 - 11 март, 2026

Брз, лесен и превкусен шарен колач: Теа ни го открива рецептот

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа ни зготви шарен колач, брз, лесен и превкусен.

„Кога бев дете на мајка ми секогаш и велев „мамо, направи ми го тој шарениот колач“.
Обожавав да го јадам со чаша млеко и уживав во секој залак. Оддамна го немав направено, а се уште можам да кажам дека ми е омилен колач.Брз, лесен и превкусен колач кој ќе го обожава целото семејство“, ни открива Теа.
Потребни состојки:
▪️4 јајца,
▪️1 чаша шеќер,
▪️1 чаша млеко,
▪️½ чаша масло,
▪️рендана кора од портокал,
▪️3 чаши брашно,
▪️1 прашок за пециво,
▪️2 лажици какао
Фото – Готвиме со Теа, Фејсбук
Начин на подготовка:
Јајцата изматете ги со една чаша шеќер додека смесата да стане пенаста. Се користи чаша од 150 мл. и сè се мери со неа.
Во изматените јајца се додава млекото, маслото и рендана кора од портокал. Се додаваат брашното и прашокот за пециво и убаво се меша. 2/3 од смесата истурете ја во калап за печење куглоф. Во остатокот од смесата измешајте го какаото и оваа смеса ставете ја во средината врз белата смеса. Со чечкалица измешајте ги белиот и црниот дел и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 40 минути.
За да проверите дали е печен колачот, во средината боцнете со чечкалица и ако не се залепи ништо значи е печен.
Откако ќе се испече почекајте малку да се излади за полесно да го извадите колачот.
На крај по желба посипете го со стопено чоколадо.
На здравје!
Фото – Готвиме со Теа, Фејсбук
Фото – Готвиме со Теа, Фејсбук

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....