14.8 C
Скопје
12:59 - 15 април, 2025

Брод со мигранти кој пловел за Италија доживеал бродолом во Егејското Море: Десетици исчезнати, 29 спасни

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), во источниот Медитеран од јануари 2022 година загинале 64 лица, а во 2021 година 111. Последната бродска несреќа во Егејското Море се случи на 19 јуни.

Најмалку 50 мигранти се водат за исчезнати при потонувањето на брод кај грчкиот остров Карпатос, во југоисточниот дел на Егејското Море.

На бродот имало околу осумдесет лица, а потрагата по исчезнатите лица продолжува. Бродот го напуштил турскиот брег и се упатил кон Италија. Според АФП (Агенција Франс прес), спасените се „Авганистанци, Ирачани и Иранци“.

Досега грчката крајбрежна стража спасила 29 лица, но потрагата продолжува бидејќи, според нивните изјави, на бродот имало меѓу 20 и 50 луѓе“, изјави Никос Кокалас, портпарол на грчката крајбрежна стража. Потрагата е отежната од силен ветер, рече тој.

Потонатиот брод отпловил од турскиот град Анталија и се упатил кон Италија. Спасувачите известија дека „многу од преживеаните не носеле елеци за спасување“.

Опасното преминување на неколку наутички милји меѓу грчките острови и турскиот брег во Егејското Море, кое се наоѓа во источниот Медитеран, ги чини животите на многу мигранти и бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа со импровизирани чамци за да избегаат од војни и мизерија.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 64 лица загинале во источниот Медитеран од јануари 2022 година и 111 во 2021 година. Последната бродска несреќа во Егејското Море се случи на 19 јуни, кога осум лица загинаа во близина на брегот на островот Миконос и 108 беа спасени од грчката крајбрежна стража.

Грчките власти соопштија дека годинава е зголемен бројот на пристигнувања на мигранти и бегалци во Грција, особено од Турција. Атина ја обвинува Анкара дека замижува пред практиките на шверцерите и дозволува мигрантите да пристигнат во Грција, што го прекршува договорот од март 2016 година, кој вклучуваше напори на Турција да ја ограничи имиграцијата од нејзината територија во замена за европска финансиска помош. Турција ги негира овие наводи.

Слични објави

Соба за послуга, луксуз, приватност: Николина Пишек ја издава вилатa од 2 милиони за 8.000 евра месечно

Еспресо

ДНК анализата го потврди потеклото: Марија Шерифовиќ проговори за таткото на син ѝ, но и за нејзините предци

Еспресо

(Фото) „Каде си тргнала без долна облека“: Бресквица облече секси фустан и ги разбранува социјалните мрежи!

Еспресо

Жељко Самарџиќ за смртта на тригодишниот син: „Го закопавме во Црна Гора, тоа беше голема тага за сите…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ купила „домашен тигар“, чија цена оди и до 41.435 долари! Го покажа новото милениче и го „запали“ интернетот

Еспресо

Хороскоп за 15 април: Близнаци, личноста на која ѝ се додворувате конечно ќе ја освоите!

Еспресо