5.8 C
Скопје
00:34 - 1 април, 2026

Британците загрижени за здравјето на кралицата Елизабета: Лекарите ја советувале да остане во Шкотска, ќе може ли да стигне до Лондон до 6 септември за назначување на новиот премиер?

Лекарите ја советувале да не го напушта замокот Балморал, во Шкотска, каде што летува околу еден месец. Дека здравствената состојба на кралицата не е добра, гласините протекоа од популарниот весник Сан и оттука се појавиле стравувања кај Британците. Принцот Чарлс пак, иден престолонаследник, загрижен за здравствената состојба на мајка си, деновиве редовно ја посетува во Шкотска. Посетите на Чарл се дефинирани како „невообичаени“, а стануваа се почести. „Чарлс е многу грижлива личност – вели Ингрид Севард, од списанието „Мажести“ – и на кој друг може да се потпре кралицата сега кога го нема принцот Филип?“.

Кралицата ќе треба да го назначи новиот премиер нат 6 септември и да ја предаде функцијата на победникот на прелиминарните избори на ториевците: предизвикот е помеѓу Риши Сунак и Лиз Трас. Церемонијата обично се одржува во Бакингемската палата или во замокот Виндзор. Но, од крајот на минатата година, 96-годишната кралица страда од проблеми со подвижноста што ја спречи да заврши многу од нејзините официјални обврски. Елизабета веќе се откажа од некои официјални церемонии, како што е отворањето на Парламентот, настан на кој учествуваше нејзиниот син Чарлс.

Нејзино последно излегување во јавност беше на крајот на јуни, кога британците се израдуваа дека е насмеана и не го носи стапот на кој с епотпираше. Сепак, по прославата на платинестиот јубилеј, кралицата немаше веќе јавни настапи.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....