7.8 C
Скопје
20:54 - 31 март, 2026

Борис Џонсон критикуван во Германија за лажење: „Забавниот поранешен премиер отсекогаш имал свој однос со вистината“

Блумберг: Помошникот на германскиот канцелар Шолц го обвини поранешниот британски премиер Џонсон дека лаже.

Главниот портпарол на германскиот канцелар Олаф Шолц, Штефен Хебестрајт, го критикуваше поранешниот британски премиер Борис Џонсон по изјавата на Џонсон дека Германија на почетокот на руската специјална воена операција чекала брз пораз на Украина, пренесува Блумберг.

На владината прес-конференција во Берлин, Хебестрајт реагирал на овие зборови на британскиот премиер, користејќи „невообичаено остра реторика“.

Според портпаролот на Шолц, „многу забавниот поранешен премиер отсекогаш имал свој однос со вистината“.

„Овој случај не се разликува. Мислам дека можам да го кажам ова од прва рака, бидејќи бев вклучен во преговорите со тогашниот британски премиер во Минхен само неколку дена пред почетокот на конфликтот. Тој секогаш има многу личен пристап кон вистината“, рече Хебестрајт.

Реакцијата од Хебестрајт доаѓа откако Борис Џонсон во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека пред почетокот на руската специјална операција во Германија сметале на неизбежен пораз на Украина во случај на конфликт. Според поранешниот премиер на Британија, мислењето на западните земји пред почетокот на специјалната операција во Украина многу се разликувало од ова што го имаат денес.

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....