-2.2 C
Скопје
00:59 - 19 февруари, 2026

Борис Џонсон ќе го добие осмото дете: Неговата сопруга ја објави среќната вест

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, на својот Инстаграм профил откри дека двајцата го очекуваат нивното трето дете.

Двојката до сега ја криеше среќната вест од јавноста, а Кери преку објава откри дека третото бебе доаѓа следниот месец.

На првата фотографија Кери позираше со синот Вилф и ќерката Роми, додека на втората го покажува трудничкиот стомак допрен од детска рака.

– Прилично бев исцрпена во последните осум месеци, но едвај чекаме да го запознаеме ова бебе. Вилф е возбуден бидејќи повторно ќе стане постар брат и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми нема поим што ја чека. Наскоро ќе дознаат – напиша 35-годишната Кери со објавата.

Иако ова е трето дете за Кери, бебенцето е осмо дете за поранешниот британски премиер. За прв пат се оженил во 1987 година на 23-годишна возраст со Алегро Мосјин Овен, која ја запознал додека бил студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година, откако се дозна дека Џонсон бил во врска со пријателката од детството Марина Велер.

Потоа се ожени со Марина во 1993 година и се разведе во 2018 година. Тие имаат две ќерки Лара Летиче и Касија и два сина Мил Артур и Теодор Аполо. Премиерот има дете и со уметничката советничка Хелен Макинтајр.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....