7.8 C
Скопје
19:42 - 10 март, 2026

Болка и тага во домот на Халид Бешлиќ: Неговата сопруга изговорила само една реченица кога дозна дека починал, зборовите ја кинат душата

Легендарниот босански пејач почина вчера по кратка борба со ракот, на 71 година.

Халид Бешлиќ и Сејда имаа хармоничен брак кој траеше речиси 50 години.

Песната „Сејда“, која Халид ѝ ја посвети на својата сопруга, носи посебно емотивно значење.

Имено, Сејда и Халид Бешлиќ имаа еден од најхармоничките бракови на јавната сцена, а поминаа речиси 50 години заедно.

Кога на Сејда ѝ била соопштена болната вест дека Халид починал, таа наводно само рекла: „Наскоро доаѓам кај тебе, стар мој“.

– Цело Сараево плаче. Ма, целиот Балкан. Што да ви кажам, пријател ми се јавува и плаче. Блиски пријатели велат дека сопругата тешко го поднела тоа. И таа е со тешка здравствена состојба. Тоа е стрес, знаете. Тие многу се сакаа. Таа вели дека наскоро ќе биде со него. Тука се внуците да ги чува и ќе ги чува онака како што како што сакаше Халид. Тоа е хармонично семејство што дури не можам да ви го опишам. Чекам да ми кажат кога е погребот. Не се надевавме на ова – рекол менаџерот од Босна и Херцеговина.

Халид Бешлиќ ја посветил својата последна песна на сопругата Сејда и го носи називот по нејзиното име.

– Сопругата не ја запознав на настапот. Во една кафеана каде што настапував, на влезот во Сараево… мојата свастика работеше таму, таа беше готвачка и таа ме запозна со сопругата. Таа не излегуваше по кафеани. Кога се запознавме видов дека тоа е тоа, се забавувавме половина година и веднаш потоа се венчавме. Ете, толку години функционираме и ден-денеска. Имаше тешки години во нашиот однос, но сè надминавме… кога бевме помлади тоа беше некако и нормално – рекол Халид Бешлиќ, кој се оствари како сопруг, но и како татко и дедо, на што бил многу горд.

Халид Бешлиќ почина на 71-годишна возраст на онкологија, а како што потврди неговиот менаџер во тоа време, пејачот имал заболување на црниот дроб.

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....