10.8 C
Скопје
18:33 - 16 октомври, 2026

(Фото) Болеста на Тијана Дапчевиќ станала видлива, особено на нозете: „Докторот ме праша, што чекаше досега!“

Многу жени ќе се поистоветат со проблемот којшто пред три години го имаше пејачката Тијана Дапчевиќ. Имено, таа се соочила со сериозен облик на проширени вени што ја довел до бројни компликации, а болеста на Тијана Дапчевиќ била толку проблематична што на крајот ја одвела и до операција.

За целото непријатно искуство  пејачката проговори за да биде инспирација за другите жени со слични здравствени проблеми.

– Имав крофни на нозете. Тоа се случува кога ѕидот попушта, а во еден момент попушти и јас го тоа го окарактеризирав како да имам крофни на нозете. Меѓутоа, тоа не беше единствениот проблем. Нозете ми отекуваа, имав болки, ноќе ме будеа грчеви… Кога направив доплер, докторот ми рече: „Ова требаше да го направиме уште пред една година, јас не знам што чекаш ти“ – објаснила пејачката, а болеста на Тијана Дапчевиќ во тие моменти ѝ предизвикувала сè повеќе проблеми додека не одлучила да се оперира.

– На шега сакам да кажам: „Мамо, од тебе не наследив куќа, ниви, кули и градови, туку проблем со вените“ – се пошегувала пејачката, но болеста на Тијана Дапчевиќ не била шега. Како што објаснила, самата операција не била комплицирана, а ѝ помогнала да реши долгогодишен проблем. Операцијата била направена под локална анестезија, па таа со оглед на тоа дека била будна разговарала со докторот и пеела, пишува „Стори.рс“.

 

Тијана објаснила и дека проширените вени не се само естетски, туку и здравствен проблем, а се генетски наследени, бидејќи се појавиле кај нејзината мајка, баба и тетка. По операцијата веќе неколку години нема проблеми со вените.

Слични објави

(Фото) Ела Дворник ја покажа другата страна од својот живот – откри каде поминува до десет часа на ден

Еспресо

„Каков новинар си ти, мораш уште да учиш“: Харис Џиновиќ се жестоко налути на познат водител поради прашање за брковите

Е.А.

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.

Слоба Радановиќ отворено за неверството што му го промени животот, земјотресот на Хиландар и поддршката од сопругата Јелена

Е.А.

(Фото) „Јас го сакам животот и животот ме сака мене“: Лила Филиповска го прослави 55. роденден покрај море

К.С.

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.
Се вчитува....