12:24 - 27 ноември, 2026

Бившиот на Цеца се омажи за мисица: Богдан и Јована се венчаа во тајност на свето место

Поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ, ресторанот Богдан Срејовиќ го кажа судбоносното „да“ на Јована Љубисављевиќ, поранешна мисица и учесничка на реалното шоу „Задруга“.

Јована Љубисављевиќ и Богдан Срејовиќ се венчаа во манастирот Грачаница.

Двајцата на социјалната мрежа Инстаграм споделија фотографии од црковната венчавка.

Јована за оваа пригода избра скромна венчаница.

Да потсетиме, Јована неодамна проговори за врската со Богдан, а во таа прилика откри и како ја замислува нивната венчавка.

– Љубомората е неопходна во врската, но во нормални граници, сржта е во комуникацијата. Имам совршен однос со ќерката на Богдан и многу сум среќна и горда и ништо не би менувала. Јас и Богдан сме една целина, живееме заедно и 99 отсто од времето го поминуваме заедно. Еден ден би правела гала свадба три дена и три ноќи, а следниот ден би се омажила некаде без никој да знае, но сигурно ќе бидете известени – изјави во една прилика Јована.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....