5.8 C
Скопје
06:58 - 1 април, 2026

Били Ајлиш со пет Греми награди, ѕвездите му оддадоа почит на Коби Брајант (ФОТО)

EPA

Во Стејплес центарот во Лос Анџелес синоќа се одржа доделувањето на музичките Греми награди, а младата музичка ѕвезда, 18-годишната поп пејачка Били Ајлиш беше најголем победник со дури пет освоени награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов пејач, а нејзиниот хит „Bad guy“ е прогласен за песна на годината.

Покрај ова, Ајлиш ја освои и наградата за најдобар албум на годината, за својот дебитантски албум „When we all fall asleep, where do we go“, пренесува „Би-Би-Си“.

Со освојувањето на тие награди, новата американска ѕвезда го сруши рекордот на Тејлор Свифт како најмлада пејачка која некогаш ја добила оваа награда.

Нејзиниот повозрасен брат, Финиас О’Конел, исто така доби награди како продуцент за работа на нејзиниот албум, кој инаку е снимен во нивната семејна куќа.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Греми наградата за видео на годината ја освои Лил Нас Х за песната „Old town road“, како и златен грамофон за поп дуото или групниот настап, заедно со Били Реј Сајрус.

Пејачката Лизо освои три награди, помеѓу кои и оние за најдобра соло поп изведба на хитот „Truth hurts“, како и за традиционален R&B настап и за современ албум.

View this post on Instagram

Only at the #GRAMMYs ✨

A post shared by Recording Academy / GRAMMYs (@recordingacademy) on

Инаку, почетокот на церемонијата помина во знакот на трагичната смрт на НБА легендата Коби Брајант, на кого му беше оддадена почит со едноминутно молчење на самиот почеток, а главната програма ја отворија пејачките Лизо и Алиша Киз, кои во сојот говор го споменаа големиот спортист.

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, доби Греми награда за најдобар говорен албум, односно за аудио книгата „Becoming“, додека кантри пејачката Тања Такер го доби првото Греми на 61 година, за најдобар кантри албум „While i’m living“ и за најдобра кантри песна „Bring my flowers now“.

View this post on Instagram

We love you @ddlovato ❤️ #GRAMMYs

A post shared by Recording Academy / GRAMMYs (@recordingacademy) on

Греми наградата за најдобра компилација за визуелни медиуми ја освои песната „Shallow“, која ја изведуваат Лејди Гага и Бредли Купер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....