06:31 - 9 април, 2026

Бијонсе донира 6 милиони долари за организациите кои се занимаваат со ментално здравје за време на коронавирусот

Американската пејачка Бијонсе вчера најави дека ќе донира 6 милиони долари за поддршка на организациите кои се често заборавени за време на коронавирусот, а тоа конкретно се однесува на организациите и работниците кои се грижат за менталното здравје.

Во изјавата пишувало дека таа се здружила со сопственикот на Твитер, Џек Дорси со цел да соберат 6 милиони долари за организациите кои даваат здравствени услуги за ментално здравје.

Нејзината фондација „BeyGood“ објасни зошто сакале да ја поддржат токму таа гранка од здравството.

„BeyGood ја препознава важноста на психичкото здравје кое е сега запоставено за време на пандемијата на ковид-19. Во нашите големи градови, во Афро-американското општество, постои дисбаланс во бројот на работници, така што на нив ќе им треба и лична и ментална поддршка, вклучувајќи тестирање и медицински услуги, залихи на храна и достава на храна за време и по кризата“, пишува во изјавата.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....