8.8 C
Скопје
21:40 - 9 март, 2026

„Би сакала да посвојам дете“: Нина Бадриќ беше 12 години во врска, шест во брак, се разведе, но и понатаму верува во љубовта

Хрватската пејачка Нина Бадриќ  подолго време не е во сериозна љубовна врска, барем не таква што би ја покажала јавно. Пред неколку години искрено призна дека речиси десет години не била заљубена, но и покрај тоа, не ја изгубила вербата дека постои средба која може целосно да го промени животот.

„Верувам во таа една средба која, сакале или не, ве менува засекогаш. Секој од нас знае да ја препознае кога ќе му се случи“, изјави Нина, додавајќи дека сè станува полесно кога вистинските луѓе ќе се најдат.

Таа вели дека гледа многу нормални и здрави врски околу себе.
„Моите пријатели имаат вистински бракови – има и радост и тага, но заедно поминуваат низ сè. Тоа е животот“, вели пејачката, која смета дека нејзината јавна изложеност често ѝ е хендикеп во љубовта.

„Да бев обична Нина со обична работа, сигурна сум дека сè ќе беше поинаку. Од мажите добивам комплименти, но чувствувам и страв, како да се прашуваат што воопшто можат да ми понудат“, искрена е таа.

Нина беше во брак шест години со Бернард Красниќ, а заедно поминаа вкупно 12 години. За таа љубов и денес зборува:
„Тоа беше младешка љубов. Кога си млад, те води хемијата, пеперутките во стомакот… Но, како што вели Џибони, на полињата од соништа не пуштаат корени. За заеднички живот ти треба партнер кој ти е и пријател, кој те разбира и почитува. А мене ми е многу важна и смислата за хумор“.

Пејачката отворено зборува и за мајчинството, тема која ѝ е сè поблиска.
„Мислам дека во секоја жена постои желба за мајчинство, но со тек на време почнуваш поинаку да гледаш на тој нагон. Би сакала да посвојам дете, затоа што верувам дека имам многу љубов да дадам на едно мало суштество. Но, тоа е сериозна и одговорна одлука“, нагласува Нина.

Слични објави

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Ѓорѓе Давид доживеал пекол окако објавил фотографија од болница: „Видов кои ми се вистински пријатели“

E.A.

Реакцијата на Ана Бекута на прашањето за Зорица Брунцлик предизвикува солзи во очите: Покажала кон срцето, а потоа открила што ѝ испратила

Еспресо

Милица Тодоровиќ тајно го организира крштевањето на новородениот син Богдан, избрала и место за убавиот чин

Еспресо
Се вчитува....