13:48 - 2 септември, 2026

Без филтер и ретуширање: Шерон Стоун во бикини ја покажа линијата со која им пркоси на годините

На прагот на 70-тата година, Шерон Стоун позираше во впечатлив костим за капење без никакво двоумење, истакнувајќи го својот затегнат стомак и фантастична форма. Актерката никогаш не криела дека вложува труд за да ја одржи линијата – лани, на пример, објави видео во кое во бикини со тегови околу зглобовите излегува од базен по тренинг, што јасно покажува дека нејзината тајна е редовната физичка активност.

Природен изглед без лажни филтри

Она што особено ги воодушевува обожавателите кај Шерон Стоун е нејзиниот искрен однос кон стареењето и сопственото тело. За разлика од многу холивудски колешки кои користат филтри и апликации за разубавување, Стоун не се плаши да го покаже својот природен изглед, поради што редовно добива пофалби во коментарите.

Така беше и овој пат, кога нејзината објава во која позира во зеленo-виолетов костим за капење со геометриски принт, придружена со порака „Летото само што не пристигнало!“, за кратко време собра бројни реакции од фанови кои ѝ порачаа дека е „апсолутна икона“ и дека изгледа подобро од кога било. 68-годишната актерска икона во раката држеше лисја со кои ги штитеше очите од сонцето.

Instagram

Актерката во последно време често им пркоси на непишаните општествени правила за тоа што „би требало“ да носи жена на нејзини години. Без разлика дали станува збор за фотографија во бикини со леопард-принт, позирање топлес додека слика во градина или шега на сопствена сметка дека „најдобрата форма ја достигнува дури кога ќе заврши летото“, таа јасно порачува дека во својата кожа се чувствува одлично и дека нејзината самодоверба е нејзиното најсилно оружје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Слични објави

„Се изненадив пријатно“: Блага Петреска се потсети на младоста со фотографија од 1965 година

Еспресо

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

По долги години Јелена Карлеуша и Гога секулиќ повторно се пријателки

E.A.

Синот на Драгана Мирковиќ не е во добри односи со татко му и воопшто не му се допаѓа животот во Австралија

E.A.

„Жив е, за жал“: Шокантната порака на Џина Џиновиќ ги збуни сите, многумина мислат дека е упатена до татко ѝ!

Еспресо

Дневен хороскоп за 2 септември: Бидете внимателни со финансиите

apostolova
Се вчитува....