7.8 C
Скопје
22:15 - 1 април, 2026

Бен Афлек може повторно да заврши на рехабилитација, а тоа е само поради една причина (ФОТО)

Сите беа изненадени кога на почетокот од месецот се појавија информации за тоа дека 47-годишниот актер Бен Афлек е повторно заљубен, и тоа во 16 години помладата актерка Ана де Армас, особено поради тоа што „до вчера“ јавно ја молеше поранешната сопруга Џенифер Гарнер да му се врати. Но, изгледа дека Ана толку го „полуде“ што токму поради неа ја заборави некогашната голема љубов и турбулентна врска со атрактивната Џебифер. Сепак, неговите пријатели го предупредуваат дека љубовната приказна со Кубанката нема добро да заврши, пренесува „In Touch“.

View this post on Instagram

. انتقادها به «بن افلک» و دوست دخترش «انا د ارماس» به اوج رسیده و اكثر رسانه های معتبر طی چند روز اخیر به اين موضوع اشاره داشتند. . دلیل انتقادها هم بی توجهی «بن افلک» و «انا د ارماس» به ویروس کرونا است! . «بن افلک» 48 ساله و «انا د ارماس» 32 ساله چندین بار در خیابان‌های لس‌آنجلس بدون توجه به همه‌گیری کرونا دیده شدند. پیش تر این دو در کوبا و سواحل کاستاریکا سوژه پاپاراتزی ها شده بودند… Photos via: just jared

A post shared by cinema? (@cinema_movie) on

„Тој мора да успори, инаку ќе има повторно скршено срце, а тоа е последната работа која му треба после се низ што помина во последните неколку години“, изјави извор близок на актерот.

Изворот како аргумент ја наведува љубовната историја на Ана, тврдејќи дека го злоупотребувала секој маж со кој што била досега, сметајќи дека исклучок нема да биде ниту „лабилниот“ Бен.

„Ана така делува на мажите. Таа е паметна, згодна и талентирана. Меѓутоа, позната е по тоа дека има обичај да се „сплетка“ со соработниците. Со неа работите можат да се оладат еднакво брзо како што и се загреваат. Напорно работеше за да дојде до таму каде што е денес и кариерата ѝ е на прво место. Доколку го скрши срцето на Бен, тој повторно може да заврши на рехабилитација“, заклучи пријателот на познатиот актер.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....