0.8 C
Скопје
02:16 - 12 март, 2026

Бејби Лазања бил замена: Случајно станал дел од хрватска евровизија и победил!

Хрватскиот евовизиски претставник Бејби Лазања, односно Марко Пуришиќ се пласираше на второто место во финалето на Евровизија. Може да се каже дека Балканот се гордее што токму тој го освои тоа второ место, иако многумина сметаат дека тој ја заслужи победата, бидејќи од почетокот беше фаворит.

Претставникот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“. Во фотофинишот на натпреварувањето, Немо беше на второто место на обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да дојде до првото место.

Српската претставничка Теја Дора го освои 17-то место со песната „Лила рамонда“ и истакна дека е задоволна.

Интересен е податокот дека Бејби Лазања случајно дошол на хрватскиот натпревар за песна за Евровизија, Дора. Имено, хрватската пејачка Жижа се повлекла од натпреварувањето, а на нејзино место дошол Марко, односно Бејби Лазања кој го воодушеви светот.

Жижа реши да му се заблагодари на Марко, па на својот Инстаграм профил со побавно темпо ја сподели неговата песна „Рим тим таги дим“.

Пејачката во една од своите објави напиша:

„Ова не е случајно…ова е запишано некаде во ѕвездите…Ова очигледно мораше да се случи. Уште е поневеројатно од моја перспектива зашто знам колку ситуации требаше да се средат, да можам барем тоа некако да ви го опишам, но и покрај тоа, Марко, тоа што ти беше резерва требаше токму така да биде! Има ли подобра приказна од тоа? Филмски. Тоа е само доказ дека кога некому нешто му е судено, ќе го најде патот!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZSΛ ZSΛ (@zsazsa_music)

(Фото) Победникот на Евровизија го ископира стајлингот на Јелена Карлеуша: „Е па крај!“

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....