20.8 C
Скопје
15:25 - 11 октомври, 2026

БАДНИКОВА ПОСНА ПОГАЧА ПО СТАРИНСКИ РЕЦЕПТ: Може да си ставите и паричка во неа, а може само да уживате во вкусот

Денес е тешко да се направи рамнотежа меѓу обичаите, традицијата и модерното. Но, колку и да сме модерни, убаво е да се задржи една доза на традиционалното. Оваа погача е многу вкусна, а е посна.

Од намирници потребни се – 30 грама квасец, 500 мл вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 700 + 100 грама брашно, масло (зависи дали е постот на вода или не, 50 мл), сусам.

Подготовка

Во врела вода иситнете го квасецот, па додадете го шеќерот и измешајте. Додатете половина мерка од брашното и сол, па повторно измешајте. Додатете го останатото брашно од 700 грама и измешајте со лажица. Ако не постите само на вода, тогаш додадете две третини од 50 мл масло, измешајте. Оставете го тестото да одмори 30 минути. Кога ќе нарасне, посипете го тестото со 100 грама брашно и измесете го уште еднаш. Сега тестото не треба да се лепи, туку е мазно и меко.

Поделете го тестото на половина, па секоја половина уште на половина (деловите треба да се еднакви), па и тие на пола, се додека не добиете 20 еднакви делови. Од секое делче од тестото направете топче.

Ако постите со масло, премачкајте ја тавата за печење со масло, па ставете едно топче на средината, па 6 топчиња околу него, и останатите 13 околу нив. Немојте премногу да ги притикате едно до друго, зашто ќе нараснат. Ако пак постите со вода, ставете хартија за печење пред да ги редите топчињата. На крајот наросете од сусамот.

Оставете повторно така да отстои тестото уште 30 минути, дури потоа печете го во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25 минути.

Готовата погача премачкајте ја со масло или само со вода.

Може да си ставите и паричка во неа, а може само да уживате во вкусот.

Среќни празници!

Слични објави

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.
Се вчитува....