7.8 C
Скопје
01:25 - 31 март, 2026

Арнолд Шварценегер тужи руска компанија поради андроид кој е идентичен на него (ВИДЕО)

Оваа машина неверојатно потсетува на гласот и изгледот на познатиот актер…

Славниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер ја тужи компанија од Русија која изработува роботи, бидејќи тие направиле реплика од оваа холивудска ѕвезда.

Како што пренесуваат медиумите, Шварценегер бара компанијата да му плати 10 милиони долари.

Компанијата „Promobot“ го претстави прототипот „Arni Android“ во јануари на Саемот за електроника во Лас Вегас, а машината неверојатно потсетува на гласот и изгледот на познатиот актер.

На социјалните мрежи кружат снимки на кои „Arni“ зборува со посетителите и им одговара на нивните прашања, а неговиот глас неверојатно потсетува на роботот од филмот Терминатор.

Руската компанија соопшти дека никогаш немала намера да го употреби името или ликот на Шварценегер во врска со роботот и истакна дека прототипот во моментот е во САД и дека ќе биде „рециклиран“.

„Promobot“ наведува дека прави се што е потребно за да ја „разреши ситуацијата и да спречи било какви несогласувања“ кои би можеле да доведат до суд.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....