20:02 - 11 ноември, 2026

Ана Николиќ завршила во болница во Мароко

Пејачата Ана Николиѓ (41) завршила во болница во Mароко откако ѝ се слошило за време на снимањето на нејзин спот.

Поради напорното снимање не стигнувала да јаде, а со оглед на тоа што е на ригорозна диета, колабирала.

„Таа се пресоблекува стопати дневно, ја менува шминката, фризурата, стајлингот, не стигнува ни да јаде. Малку спие, многу работи и тоа доведе до тоа да колабира. Ана е перфекционист, во состојба е стопати дневно да ја повтори истата сцена, па наместо пет часа, на снимање се останува и по 15 часа, а во меѓувреме ништо не јаде, само наздравува со екипата и пие по неколку чашки за да си дојде на себе“, рекол извор за српските медиуми.

Ана веднаш била пренесена во болница каде што докторите ја прегледале и констатирале дека сè е во ред, но и дека организмот ѝ е исцрпен. Добила инфузија и ѝ препишале терапија.

Слични објави

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо
Се вчитува....