8.8 C
Скопје
19:05 - 30 март, 2026

(Видео) Американка премрзнала до смрт во снежната бура: Поминала 18 часа во автомобил, испратила шокантно видео до семејството

Возилото било опкружено со околу 130 сантиметри снег.

Најмалку 63 лица загинаа во снежната бура во САД, меѓу кои и 22-годишната Андел Тејлор.

Тејлор била заробена во својот автомобил цели 18 часа. Возилото било опкружено со околу 130 сантиметри снег. Таа го испратила своето последно видео од автомобил на своето семејство ден пред да биде пронајдена мртва.

Нејзината мајка вели дека таа починала од труење со јаглерод моноксид, иако официјалната причина за смртта сè уште не е позната. Во видеото кое го испратила до своето семејство, Тејлор вели дека е исплашена и им го покажала снегот.

Семејството на настраданата девојка живее во Северна Каролина и изјавило дека не знаат колку е силна бурата што го зафати Њујорк и источниот дел на Соединетите Американски Држави.

– Не сум сигурен дека некој од нас знаел колку е сериозна ситуацијата. Не гледавме вести,  не знаевме што се случува во Бафало. Имам чувство дека сите што отишле да ѝ помогнат не успеале. Пожарникарите, полицијата… сите потфрлија – рекла сестрата на жртвата.

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....