12:43 - 5 декември, 2025

Амбер Херд му исплати на Џони Деп 1 милион долари: Еве на што глумецот ги потроши

По цела година од судската пресуда, Амбер Херд одлучи да ја плати отштета од 1 милион долари по загубата на судењето против Џони Деп. Поранешните сопружници се судеа за клевета во Судот во Вирџинија, а судскиот процес стана „реално шоу“ кое го следеше цел свет и создаде безброј реакции за него.

Денес Херд живее во Мадрид, Шпанија, а Џони Деп се обидува да води мирен живот во Сомерсет, Англија. Според „Пипл“, Херд штотуку му исплатила на Џони Деп 1 милион долари, но актерот веќе ги потрошил парите – одосно сите ги донирал во добротворни цели. Оттука следуваа бројни коментари (позитивни) дека Деп има одличен советник за односи со јавност, зашто со овој великодушен негов гест, рејтингот на популарност меѓу јавноста уште повеќе му скокна.

Според People, Џони Деп ги подели тие пари за пет различни добротворни организации по негов избор. Вкупно 200.000 долари ќе одат за секоја организација, а тоа се Фондацијата Make-A-Film, The Painted Turtle, Red Feather, Tetiaroa Society и Amazonia Fund Alliance.

Не е никакво изненадување што Деп одлучи да го направи овој гест, а сепак некои од фановите веќе почнуваат да се сомневаат во неговите мотиви. Станува збор за еден од најуспешните холивудски актери кој во никој случај не е сиромашен. Плус, користењето на тие пари за нешто различно дефинитивно ќе направеше да биде критикуван. Не дека веќе секојдневно не е критикуван од обожавателите на Амбер Херд, но не му требаат дополнителни озборувања.

Со оваа последна исплата, случајот „Амбер Херд против Џони Деп“ или обратно, сега може да се смета за целосно затворен, но кој секако ни остави многу моменти за паметење. Но, исто така, овој легендарен случај служи и како совршена предупредувачка приказна за тоа како врската може да стане крајно токсична за само неколку години. Дури и ако поротата утврди дека Амбер Херд веројатно лаже во судницата, ова не значи дека Џони Деп нема вина во скандалите кои испливаа на површина во текот на судските рочишта. Деп е исто толку одговорен како Амбер што не се извлекол навреме од таква страшна ситуација која се случувала меѓу двајцата партнери.

 

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....