5.8 C
Скопје
05:37 - 1 април, 2026

Амбер Херд и Џони Деп денес ќе се сретнат: „Отсекогаш сум чувствувала љубов кон Џони!“

Во пресрет на судењето за клевета за што ја тужеше нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, американската актерка објави пост во кој најави дека ќе остане „офлајн“ за да се соочи со тужбата на суд.

„Ќе бидам офлајн во следните неколку недели. Како што знаете, ќе бидам во Вирџинија каде ќе се соочам со мојот поранешен сопруг Џони Деп на суд“, објави од својот Инстаграм профил актерката Амбер Херд, која денес на 11 април на суд ќе се сретне со поранешниот сопруг кој ја тужеше за клевета. .

Судењето ќе се пренесува во живо.

„Џони ме тужеше за авторски текст што го напишав во Вашингтон пост, во кој детално го опишав моето искуство со семејно насилство и злоупотреба. Никогаш не го спомнав, туку пишував за цената што жените ја плаќаат за да зборуваат против мажите кои имаат власт“, објаснува Амбер.

Разводот на холивудската двојка од почетокот доби лош тек, во 2017 година, со објавување на насилни фотографии, со алкохол, дрога па дури и крв. По ваквите скандали, многу загуба претрпе глумецот кој Warner Bros го отстрани од сетот Fantastic Beasts 3, а му беше одземена и улогата на Џек Спароу од франшизата на Пиратите од Карибите и неговиот последен филм, Minamata, не се дистрибуираше во САД.

Конфликтот дополнително ескалира со обвинението за клевета од страна на Џони Деп (со барање од 50 милиони долари) против неговата поранешна сопруга, чија жалба за поништување беше отфрлена од судијата во Вирџинија.

„Продолжувам да ја плаќам таа цена, но се надевам дека кога ќе заврши овој случај, ќе можам да продолжам понатаму, а исто така и Џони“, додаде актерката од Аквамен.

„Отсекогаш сум чувствувал љубов кон Џони и ми предизвикува голема болка што морам да ги споделам деталите од нашиот заеднички живот пред целиот свет“ заклучува глумицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....