Аманда Ли е убавица која на Инстаграм има над 12 милиони следбеници, а заработува повеќе од 15 илјади евра по објава.
Аманда Ли е фитнес модел, а на интернет е позната и како „кралица на социјалните мрежи“, токму поради сумата која ја заработува на Инстаграм.
Покрај заводливите фотографии со кои ги освојува следбениците, Аманда на Инстаграм објавува и дел од своите вежби, зад кои се крие тајната на нејзиниот успех.
Токму активното вежбање во теретана е главен виновник за нејзиниот изглед, а Аманда тренира пет дена во неделата, 90 минути по сесија.