13:50 - 7 ноември, 2026

„Алигатори се шетаат по дворови, гаражи…“: Српската старлета опиша застрашувачки сцени по ураганот на Флорида

Популарната старлета Станија Добројевиќ, која живее во Мајами, опиша што се случувало на Флорида откако се појави ураганот „Милтон“.

Според првите извештаи, најмалку 16 лица загинале во ураганот „Милтон“ на Флорида, а штетите се уште се проценуваат. Повеќе од 2,6 милиони потрошувачи останаа без струја во четвртокот, а сега се потребни 50.000 електричари за да се врати електричната мрежа низ Флорида.

Станија за српските медиуми објасни со што се соочуваат жителите по оваа природна непогода.

– Овде се најавени мерки за безбедно да се остане дома, но никој не мораше да се евакуира како Тампа. Секако дека вестите и предупредувањата носат нервоза и страв, особено за мене која сум нова на Флорида, се преселив овде во март годинава и првпат го доживувам тоа. Кога мајка ми ја прочита веста, таа само рече: „Заборави на Флорида и дојди дома“. Во принцип, помина многу подобро од очекуваното, фала Богу. Силата на ураганот ослабе од петта категорија на втора во моментот кога удри во копното – рече Станија, додавајќи:

– Се случува да дојдат алигатори со водата, и да залутаат во нечиј двор, гаража… Сè е во ред како што се очекуваше, на сите кои беа погодени им посакувам брзо закрепнување и што поскоро да се вратат во своите домови и да продолжат со своите нормални животи – рече таа е Станија за Пинк.рс.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....