14:14 - 1 април, 2026

Александра Пријовиќ на прагот на деветтиот месец од бременоста, позира во фустан од 2990 долари

По долго време, пејачката Александра Пријовиќ се огласи на социјалните мрежи објавувајќи фотографија на својот инстаграм-профил на која го покажува своето трудничко стомаче.

Таа наскоро ќе влезе во деветтиот месец од бременоста, а заедно со нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ со нетрпение го очекуваат раѓањето на ќеркичката.

Пејачката ги воодушеви сите со својот стајлинг, поточно со мини, цветниот фустан од позната модна куќа. Фустанот чини 2.990 долари.

Instagram

Александра Пријовиќ наводно решила породувањето да биде во една од најлуксузните приватни клиники во Србија.

Според упатените, таа однапред го закажала терминот, а за второто породување, според написите на некои српски медиуми, издвоила дури 400.000 динари (околу 3.500 евра).

Таа цена, велат изворите, ѝ обезбедува целосна приватност, дваесет и четиричасовна грижа, како и тим лекари специјализирани за најсложените породувања.

За Александра, удобноста, приватноста и стручноста се апсолутни приоритети. Таа сака да се породи во мир, опкружена со најстручниот медицински тим, без стрес и притисок од јавноста. Долго време, заедно со Филип, размислуваше каде ќе ја роди својата ќерка, а изборот падна на новоотворена болница сместена во елитна белградска населба. Цената од 400.000 динари не е мала, но Прија работеше и заработи и може да си го дозволи само најдоброто изјавил извор за Информер, пренесе Grand.nova.rs.

Пејачката сака да се породи на денот кога и самата слави роденден.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....