13.8 C
Скопје
11:30 - 14 март, 2026

Александра Пријовиќ била жртва на булинг во училиште: Не ми беше лесно, ме понижуваа и ме нарекуваа сирота „певаљка“

Александра Пријовиќ одржа пет концерти во Осиек, па по тој повод реши да го посети своето училиште во Бели Манастир, каде што порасна. На пејачката ѝ приредија топло добредојде и беше пречекана со букет, а на ТикТок се појави фотографија на која позира со вработените во институцијата.

Инаку, Александра завршила во основното училиште „Др. Фрањо Туѓман“ во Бели Манастир, а во 2010 година учествувала на натпреварот по хрватски јазик. На веб-страницата на училиштето сѐ уште се наоѓаат резултатите од натпреварот на кој тогаш 14-годишната Пријовиќ освоила 50 поени.

Пријовиќ во основно училиште била одлична ученичка. Иако сега ја обожаваат, на Александра не ѝбило лесно за време на школувањето. Се откажала од средното образование, а во една прилика изјавила дека ја исмејувале на училиште за време на натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“.

„Не ми беше лесно. Ова до сега никому не сум го кажала, но бев жртва на децата на училиште. Не ме тепаа, туку психички ме малтретираа. Ме понижуваа, ме нарекуваа сирота и ‘певаљка’. Ми зборуваа: Таа не е подобра од мајка ѝ ‘певаљката’. Ме исмејуваа кога можеа“, рече таа.

Слични објави

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо
Се вчитува....