25.8 C
Скопје
12:04 - 18 септември, 2026

(Видео) Александар Вучиќ барал Сергеј Трифуновиќ да биде ослободен: Направете сѐ за да го ослободите и да се врати во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ, кој беше уапсен во Хрватска.

„Човек кој е мој политички противник , основач на движењето „Слободни граѓани“, но и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, беше уапсен и никој не разбра доволно и добро зошто“, рече Вучиќ.

Тој им се обрати и на хрватските власти и апелираше да постапат рационално и што поскоро да го ослободат Сергеј Трифуновиќ.

„И, апелирам до хрватските власти да разберат дека затворањето на Србите не води кон создавање подобри односи и не сакам да изговарам груби зборови и квалификации како што кажаа тие за Србија, поради задржувањето од десет минути, но само барам од нив да се однесуваат рационално и што побрзо да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“, рече претседателот на Србија.

Тој изјави и дека „пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана однадвор и одвнатре, само затоа што естраден уметник од Хрватска бил задржан десетина минути на граничниот премин“.

„Не беше приведена, не беше уапсена, не беше малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога на адвокатот Бериќ од Белград му беше одреден 15-дневен притвор, само поради некоја песна објавена на неговиот личен Фејсбук профил“, рече Вучиќ, алудирајќи на приведувањето на хрватската пејачка Северина на граничниот премин Батровци.

Северина по задржувањето била ослободена, но решила да се врати во Хрватска, по што изјавила дека никогаш повеќе нема да дојде во Србија додека Вучиќ е на власт.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ се појави во ролка и здолниште од „Сен Лоран“ – целото модно издание ѝ чинеше повеќе од 12.000 евра

Еспресо

Секоја сабота ми беше празник: Космонаутко со приказна што буди спомени на старо Скопје

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Неда Украден изнајмува луксузна вила во Хрватска — еве што добиваат гостите за повеќе од 2.000 евра

Е.А.

Дуле е дел од мене и од секојдневието: Коки со емотивно сеќавање на концертот во Штип

Еспресо

Хороскоп за 18 септември: Биковите ќе имаат незаборавни моменти со саканата личност

Еспресо
Се вчитува....