8.8 C
Скопје
18:09 - 31 март, 2026

Ацо Пејовиќ се расплака поради колешката: Мојата кума е бремена, многу ми е драго

Фолк пејачот Ацо Пејовиќ синоќа во Белград на Плоштадот на Републиката ја дочека православната Нова година и во оваа прилика на посетителите им приреди невиден спектакл кој долго ќе го паметат.

Пејачот пред настапот им се обрати на насобраните медиуми и призна дека му е ладно, а го спомна и приватниот живот.

„Не ми се допаѓа што е толку студено… Годинава Господ ќе ни даде сѐ да биде како што треба! Ние сме добар народ “, рече Ацо Пејовиќ.

Ацо откри и како реагирал кога дознал дека неговата кума и музичка ѕвезда Александра Пријовиќ е бремена.

„Мојата кума е бремена, дознавме, ми се јави пред некоја вечер… пуштив солза, морам да признаам! Многу го сакам тоа семејство, а жена ми му кажа на Филип дека сака да има уште едно дете за Божиќ, за Александра да остане бремена. И Филип ѝ се јави и ѝ рече: ‘Кумо, желбата ти се исполни’, Многу ми е драго. Се слушнав и со кумашинчето Александар. Тој сака братче, а јас би сакал да добие сестричка“, додаде пејачот.

„Уште нема да славиме, нека помине некое време, јас сум традиционалист, нека помине малку… И јас да станам дедо, дај Боже здравје, зошто да не!“ истакна тој со насмевка на неговото лице.

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....