17.8 C
Скопје
16:49 - 10 мај, 2024

Линда Еванџелиста се враќа на модната сцена откако успеа да ја надмине депресијата поради естетските корекции после кои била „изобличена“

Линда Еванџелиста

Манекенката Линда Евангелиста на Инстаграм сподели своја фотографија од неодамнешната кампања на Фенди. На тој начин го објави враќањето во светот на моделите откако претходно тврдеше дека процедура за естетска хирургија ја оставила „трајно изобличена“.
Манекенката откри дека луксузната модна куќа ќе биде домаќин на „специјална модна ревија“ во Њујорк за да ја прослави 25-годишнината од багет чантата на Фенди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fendi (@fendi)


Појавувањето на Евангелиста во кампањата на Фенди доаѓа откако таа откри во објава на Инстаграм во септември 2021. година дека била „трајно изобличена“ поради популарната процедура за замрзнување на маснотии со криолиполиза.

„Денес решив да направам голем чекор, сакајќи да поправам се што е погрешно, да откријам низ што поминав и го чував во себе повеќе од пет години. На сите мои обожаватели кои се прашуваа зошто не работев, додека кариерите на моите колеги, со кои ја започнав модната приказна, беа повеќе од успешни, причината лежи во фактот што третманот „CoolSculpting“ на „Zeltiq“ брутално ме уништи и го направи спротивното од она што ми беше ветено“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„Наместо да ги намали масните клетки, третманот ги зголеми и ме остави трајно деформирана, дури и откако направив две болни, но неуспешни операции. Останав, исто како што пишуваа медиумите, непрепознатлива“, продолжува Линда.

„Развив парадоксална масна хиперплазија, исто така наречена ПАХ, ризик за кој не бев предупредена пред третманот. Поради ПАХ, не само што ми го уништи живеењето, туку поради тоа паднав и во длабока депресија, тага и го почувствував најголемиот презир кон себе. Во тој процес, станав осаменик, и со оваа тужба сакам да продолжам понатаму, да го тргнам тој срам од себе и јавно да ја раскажам мојата приказна. Уморна сум од ваквиот живот. Посакувам повторно да можам да излезам од дома со крената глава, и покрај фактот што повеќе не личам на себе“, раскажа Еванџелиста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Евангелиста рече дека покрај физичките несакани ефекти, искуството го „уништило“ и нејзиното постоење и ја испратило „во циклус на длабока депресија, длабока тага и најниски длабочини на одбивност кон себе“. Но за среќа успеала да го надмине тоа и повторно да се врати на модната писта.

Линда Еванџелиста е родена во 1965 година, во Канада, во семејство на италијански мигранти. Поради нејзиниот изглед, особено поради зелените очи, модните агенти ја забележале како тинејџерка на локален избор за убавина. Но поради еден настан за малку ќе се откажел од модниот свет.

При првото патување во Јапонија, кога таа имала само 16 години, Линда се јавила во канадската амбасада и побарала да ѝ помогнат да се врати дома откако од неа било побарано да позира гола.

Потоа таа му се посветила на учењето, а откако завршила средно училиште, мајка ѝ ја наговорила да му даде втора шанса на манекенството. Во 1981 година ја однела во Њујорк, каде Линда потпишала договор со модната агенција „Елит“. ОТтаму во 1984 година ја испратиле во Париз и по три години работа трудот се исплател, па таа се појавила на насловната страница од списанието „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

Во 1987 година, кога имала 22 години, Линда се омажила за шефот на модната агенција Жерар Мари и почнала да добива многу ангажмани, но предлогот на фотографот Питер Лидберг да ја скрати долгата коса, ја однесол во врвот на модниот свет. Иако на почетокот тоа ја чинело откажување неколку ангажмани, по неколку месеци нејзината фризура станала глобален тренд. Кога сфатила дека може да биде поинаква од другите, Линда продолжила со своите драматични промени на изгледот, поради што го добила прекарот „модна камелеонка“.

Благодарение на сличноста со италијанската филмска икона Софија Лорен, Еванџелиста брзо станала заштитно лице на „Версаче“, на „Ревлон“, а во 1990 година списанието „Пипл“ ја стави на листата 50 најубави жени во светот.

Слични објави

(Фото) Џастин Бибер ќе стане татко: Хејли е бремена, го очекуваат првото дете

Еспресо

Се врати највлијателниот Инстаграм профил на Балканот: Јелена Карлеуша повторно е тука!

Еспресо

Сопругот на Драгана Мирковиќ скршен поради смрт на пријател: „Фала ти за сè што направи за мене“

Еспресо

Сека Алексиќ откри каков ѝ е односот со свекрвата: „Тешко ми е да замислам како би било…“

Еспресо

(Видео) Шок на прес-конференцијата на Евровизија! Претставничката на Израел доби непријатно прашање, еве како одговори 

Еспресо

Може слободно да дише: Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира поради затајување данок

Еспресо
Се вчитува....