03:36 - 3 април, 2026

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ: Температури потпросечни, до 0 степени, внимавајте на здравјето!

– Во текот на вечерните часови, како и во текот на претстојната ноќ, но и утре на повеќе места ќе продолжат повремените врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и тоа особено во западните предели и на некои места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и утре ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени.
Според Попоски во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, додека за време на викендот ќе има стабилизирање на времето.
Наутро температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски и под просекот и на некои места ќе се спуштат дури до околу 0 степени.
Од друга страна пак, максималните температури ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Во Скопје и околината исто така ќе има услови за повремени врнежи од дожд во текот на ноќта и утре, додека од петок па натаму ќе има постепено стабилизирање на времето. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 23 степени, вели популарниот метео прогнозер Попоски. 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....