14:24 - 24 февруари, 2026

СОВЕТИ: 6 природни лекови против затнат нос кои делуваат брзо и ефикасно

Ниските температури и сезоната на грипови очекувано можат да предизвикаат затнат нос кој пак ни создава нервоза поради отежнатото дишење.

Не посегнувајте веднаш по капки за нос зашто постојат многу делотворни природни начини за да го исчистите и „отнете“ носот.

Истуширајте се со врела вода

Ќе ви помогне да ги исчистите дишните патишта и да го „отнете“ носот. Затворете ја вратата на бањата за да ја зачувате топлината и да ја зголемите температурата, речиси како во сауна. останете половина час под тушот, под млаз жешка вода или во када напонета со жешка вода. Благодарение на интензивната топлина и пареа веднаш ќе се чувствувате подобро.

Есенцијални/етерични масла

Одберете етерично масло од еукалиптус, лаванда или нане, па истурете неколку капки во кадата наполнета со топла вода во која претходно сте ставила морска сол и содабикарбона. Оваа купка е суперделотворна против затнат нос.

Топол планински чај

Најдобро ако е природен. Пијте од топлиот чај бавно, голтка по голтка, вдишувајќи од пареата. Ваквото конзумирање ќе го смири воспалението и ќе помогне да се исчисти носот. Камилицата исто така е корисна, како и свежиот рузмарин, но не е за оние кои имаат низок крвен притисок.

Исфрлете ги млечните производи од исхраната

Прекумерниот внес на млечни производи влијаат на производството на слуз. Ако носот ви е затнат, заборавете извесен период на нив. Конзумирајте што повеќе супа од сезонски зеленчук и природни сокови од цитрусни овошки.

Инхалирање

Зовријте вода во која сте ставиле морска сол. Покријте ја главата со крпа и правете длабоки вдишувања за да ја вдишите пареата. За поинтензивен ефект додадете во водата и есенцијално масло од еукалиптус.

Зачини

Лутата пиперка, куркумата и ѓумбирот се сојузници на благосостојбата. Подгответе јадење од зеленчук, жешка супа или чај од билки и искористете ја моќта на зачините за да го исчистите носот, но и за да го стимулирате имунолошкиот систем.

Слични објави

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо

Ѓина Џиновиќ ја напушти Србија поради ново момче, еве што сѐ прави во Барселона

Еспресо

(Видео) „Јас сум зафатен човек“: Луѓето не можат да поверуваат што објави Стјепан Хаусер, видеото шокираше многумина

Еспресо

Ќерката на Саша Поповиќ се расплака пред камера: „Беше најдобриот татко на светот“

Еспресо
Се вчитува....