6.8 C
Скопје
08:44 - 27 октомври, 2026

ПРОБАЈТЕ, ДЕЛУВА: Чудесната диета на Ватанабе со банани

Оваа ефикасна диета ја смислил Хитоши Ватанабе, кој се бавел со проучување на превентивната медицина, и неговата сопруга Сумико, фармацевт.

База на оваа диета е појадокот кој содржи единствено банани и обична вода на собна температура.

Изумувачите тврдат дека диетата допринесува за значајно намалување на килограмите, без разлика на тоа што јадете во останатиот дел од денот.

Диетата е многу едноставна и лесна за држење, а многу Јапонци ја потврдиле нејзината ефикасност. Имено, кај голем број дошло до знајчајна загуба на килограми за време на експерименирањето со оваа диета.

Одговорот зошто оваа диета функционира е веројатно во тоа што бананите го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат варењето. Втора можност лежи во видот на скроб што го содржат бананите, кој има понизок гликемиски индекс, а обезбедува чувство на ситост и делумно ја блокира апсорцијата на јагленохидрати.

Дополнително, водата на собна температура, го подобрува варењето и го намалува чувството на глад.

На лицата кои сакаат да ја практикуваат оваа диета им се советува и вечерниот оброк да биде пред 20 часот и да избегнуваат слакти после вечерата. Во случај на глад прифатливо е едно овошје.

Последно правило, но не помалку важно, на оваа диета е на спиење да се оди пред полноќ. За ова правило речиси не треба објаснување зашто и научните студии ја покажале поврзаноста меѓу доцното одење на спиење и гојазноста.

Забранети намирници во оваа диета се млечните производи и алкохолот.

Од напивки, дозволена е само водата на собна температура.

Бананите пак, мора да бидат сирови, а не печени, кувани или засладени.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....