03:14 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Уште поголем пад на температурите, еве од кога!

– Како што претходно кажавме, краткотраен престанок на врнежите ќе имаме особено утре попладне и во среда претпладне, додека нови врнежи и тоа од ПОИНТЕНЗИВЕН карактер се очекуваат веќе од среда доцна попладне и навечер, како и во четврток. Поради уште поголемото ЗАЛАДУВАЊЕ на времето на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ, а снежната граница, особено во северните и во северозападните предели има услови понекаде да се спушти дури и до околу 1000 м.н.в. На планините понекаде ќе се формира снежна покривка дури и над 30 сантиметри, особено на оние повисоки планини, веи нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

– Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој особено долж Повардарието повремено и ќе засилува на интензитет. Температурите, особено од четврток ќе бележат тенценција на уште поголем пад и ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 9 степени во најтоплите предели, објаснува Попоски.

Според Попоски, и во Скопје и околината краткотраен престанок на врнежите ќе има утре, особено попладне и во среда претпладне, додека во среда доцна попладне и во текот на ноќта кон четврток ќе започнат нови врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 14 степени, додека од четврток ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат само до околу 8 степени.

Да напоменеме дека овој студен бран ќе донесе снежни врнежи понекаде и на планинските превои, со што на возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....