9.8 C
Скопје
00:49 - 20 април, 2024

НА ГОСТИ ВО ФАРМАТА ЗА МАГАРИЊА МАРТИНИЌИ: Нашите магариња се светски ѕвезди

Фармата за магариња Мартиниќи е основана во 2015 година со примарна цел да ги заштити магарињата од истребување. Ова животно е дел од природното и културното наследство на Црна Гора и било најголемиот сојузник во тешкиот живот во црногорските села. До пред триесетина години немало куќа во суровиот дел на државата која немала магаре за разни потреби. Денес, тие ја загубија битката со машините, луѓето ги напуштија селата, па магарето како животно ја загуби својата улога и стана едно од најзагрозените животински видови во земјата. Во Црна Гора нема повеќе од 150 магариња, од кои педесетина се на фармата Мартиниќи, вели сопственикот на фармата Дарко Савелјиќ, кој со читателите на Агротим ја сподели приказната за неговата фарма за магариња.

Фото: Аgrotim.mk

– Работите се вакви: на пазарот за добиток во Подгорица, пред шест години, цената на магарето изнесуваше 25 евра. Најчесто го купувале ловци кои ги хранеле кучињата со неговото месо. Денес не може да се купи за помалку од 200, 250 евра. Целосно успеавме во мисијата за заштита на магарињата, многумина се заинтересирани за основање фарми и неколку од нив во Македонија и Албанија беа основани по посетата на нашата фарма, па идејата се шири.

Половина година по основањето на фармата, направив профил на Фејсбук, почнав да пишувам објави за настани на фармата и почнаа да доаѓаат луѓе. Така се отвори можноста за нова програма – едукација. Јас сум вегетаријанец од етички причини повеќе од 30 години, поддржувач на заштитата на природата и правата на животните, така што оваа нова улога не ми беше тешка. Фармата досега ја посетиле повеќе од 70.000 луѓе, сѐ повеќе странци во последниве години.“

Фото: Аgrotim.mk

На фармата Мартиниќи магарињата ги купуваат за да ги спасат од напорна работа и глад.

„Фармата стана азил за една третина од животните: ние купуваме магариња само за да ги спасиме од напорна работа, тортура и глад. Ја отворивме фармата за семејствата кои имаат деца со аутизам. Дружењето со магариња се покажа успешно во голем број случаи. Бидејќи фармата ги почитува правата на животните, единствените кои можат да ги јаваат нашите магариња се деца во инвалидски колички, и оваа терапија може да помогне многу во некои случаи, вели Савелјиќ.

Фото: Аgrotim.mk

Покрај рециклирањето на отпадот, секој грам од магарешкото ѓубриво на фармата се компостира.

-Минимализмот е нашиот водич. Луѓето кои доаѓаат прв пат, знаејќи за популарноста на фармата во земјата и во странство, очекуваат огромна зграда, комплекси од хангари и слично. Ги пречекува мала фарма направена од користени или рециклирани материјали, па се изненадени. Нашата цел е да не земаме ништо од природата, да имаме позитивно влијание врз животната средина, така што, меѓу другото, покрај рециклирањето на отпадот, секој грам од магарешкото ѓубриво го компостираме.

Фото: Аgrotim.mk

За влез на фармата ќе ви бидат потребни килограм моркови или јаболка.

-Фармата стана единствената дестинација во земјата што има влезница што се јаде: килограм моркови или јаболка по лице, што посетителите им ги даваат на магарињата. Посетите се ограничени исклучиво за недела од 10 до 13 часот. Во други денови, магарињата не се на фармата, тие уживаат слободно да пасат на ливадите. Многумина би завидувале на квалитетот на животот на магарињата на нашата фарма. Фармата ја препорачува Lonely planet како една од трите атракции во Даниловград, општината на која ѝ припаѓаме, а имаше и посебни прилози на BBC, германскиот јавен сервис ARD, TV Arte и други. Нашите магариња станаа светски ѕвезди. Само во 2019 година нѐ посетија повеќе од 3.000 германски туристи. Автомобилскиот гигант „Порше“ нѐ избра како една од четири успешни црногорски приказни преку кои ќе ги рекламира своите автомобили. Сето ова нѐ стави во нова приказна и нѐ натера да ја зголемиме нашата понуда – раскажува Савелјиќ.

Фото: Аgrotim.mk

На фармата има и Музеј на магариња.

-Во летото 2019 година, го отворивме првиот Музеј на магариња во регионот со Центар за посетители. Во Музејот ги изложивме сите алатки за работа, чија движечка сила било магарето. Ние го нарекуваме Музеј на магариња, а магарињата, кога би знаеле да зборуваат, би го нарекле Музеј на магарешкиот терор, бидејќи не било лесно да се влече сето тоа. Во Центарот за посетители, единствен од ваков вид во регионот, на неколку јазици е претставен филм за нашата фарма и за нашата мисија.

Фото: Аgrotim.mk

-На фармата имаме и два луксузно опремени апартмани за туристите кои доаѓаат и работат на фармата. Да, да, работат. Го остваривме црногорскиот сон, со оглед на тоа што Црногорците во регионот нѐ бие глас дека сме мрзливи: странци да доаѓаат и да уживаат на нашата фарма работејќи. Ја чистат фармата, ги средуваат магарињата, купуваат сено и сѐ што треба да се направи тој ден. За возврат, добиваат органска храна одгледувана, собрана и подготвена на фармата, што е прилично егзотично за повеќето странци.

Она со што се гордееме се нашите посетители, не само на апартманите, туку и на фармата. Тоа се претежно луѓе со изградена свест, кои се релаксираат во природа, а не во трговски центри, кои ја посетуваат фармата поради нејзината мисија, влијанието врз природата и општеството и, како рече една Финка, поради филозофијата што ја чувствува во секој агол на ова место.

Фото: Аgrotim.mk

Фармата, по три години напорна работа, успеала да се избори и станала самофинансирачка.

-Го молземе и го продаваме најквалитетното и најскапо млеко во земјата. Литар чини 50 евра. Ефектите врз здравјето, пред сѐ врз болестите на дишните патишта, кожата и имунитетот се повеќекратни. Во народот позната како „магарешка кашлица“, во Црна Гора се третираше исклучиво со магарешко млеко. И медицината уште не успеала да се справи со овој проблем, како што го прават тоа само неколку децилитри од овој пијалак. Како кофинансирање, започнавме со производство и козметика базирана на млеко. Кремите се прилично скапи, но кој еднаш ќе ги купи, им останува верен, поради дејството на природата врз кожата со „ефектот Клеопатра“, бидејќи египетската кралица својата убавина ја должела на капење во магарешко млеко.

Фото: Аgrotim.mk

Фармата половина од произведеното млеко го донира за пациенти заболени од рак без оглед возраста, за деца со проблем со дијабетес, а сакајќи да го поттикнеме доброволното дарување крв, и на доброволците дарители. Фармата донира млеко и за медицинарите заболени од корона. – завршува Савелјиќ.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Извор: Аgrotim.mk

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....