19:56 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Следуваат НЕВООБИЧАЕНО високи температури! Еве точно од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Претпладнево по одделни котлини ќе има појава на магла и на значителна ниска облачност, додека во текот на денот ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје претпладнево ќе има појава на значителна ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени.
Според Попоски, потоа, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи за овој период од годината, и тоа поради јужното воздушно струење, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот понекаде истите ќе се искачат дури до 25 степени.

Слични објави

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо
Се вчитува....