11:10 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пак високи температури, еве од кога

– Денес времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Повремено ќе има и позначителна облачност, а ќе има услови и за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро ќе биде релативно студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Слични објави

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо
Се вчитува....