05:00 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пад на температурите до минус 2, еве точно од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе започне да дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец, со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Според Попоски, во следните денови ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а утре и тоа особено на југоистокот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој утре повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови, и наутро понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....